Како што добро увидовме периодов, маските за лице не се најкомфорното парче “облека” во светот…а луѓето кои носат наочари имаат една мака повеќе на оваа “тема” од сите останати.
Кога дишеме носејќи маска, наочарите мошне лесно и брзо се замаглуваат и станува многу тешко да се гледа. За среќа ова не е проблем со кој мора да се помириме, а еден од светски најпознатите медиуми реши да се позанимава со него и објави инфографик со “чекор по чекор” инструкции што го адресираат овој предизвик.
The Wall Street Journal објаснува дека е потребно само да имаме салфетка како би ја користиле за спојка помеѓу маската и лицето и така да спречиме замаглување на очилата.
Како што се објаснува во “водичот” салфетката (или друг материјал) можеме да го преклопиме неколку пати и потоа да го поставиме на горниот дел од внатрешноста на нашата маска. Овој додаток, според упатството, ќе послужи како бафер кој нема да дозволи да ни се замаглуваат очилата. Ете…
From today’s @WSJ: How to keep your glasses clear when wearing a mask. pic.twitter.com/i9BQNsgM4l
— Raymond T. Hightower (@RayHightower) May 15, 2020