Лабуристичката партија на Британија најави дека ќе се приклучи кон бојкотот за огласување на Фејсбук во знак на „солидарност со движењето Black Lives Matter“, пренесува BBC.
Рејчел Ривс, претставник на Лабуристите, изјави дека партијата сакала „да ја искажи својата загриженост поради неуспехот на Фејсбук да се справи со говорот на омраза“.
„Фејсбук треба да се потруди повеќе и да превземе одговорност, а ова е еден од начините на кој бизнисите, Лабуристичката партија и други, можат да извршат притисок врз Фејсбук да ги направи правилните чекори и да превземе поцврста акција против говорот на омраза,“ додаде таа.
Бојкотот против Фејсбук започна пред околу еден месец, откако социјалната платформа одби да цензурира дел од објавите на американскиот претседател Доналд Трамп. Кон бојкотот досега се приклучија голем број на компании, вклучувајќи ги Coca-Cola, Starbucks, Unilever, Ford, Verizon и други.
На последните општи избори во Обединетото Кралство одржани во 2019 година, Лабуристите го доживеја својот наголем пораз од 1935 година.