Еден од најстарите и најпознатите американски спортски брендови, Washington Redskins (Црвенокожци) и официјално ќе го промени своето име
Најголемите спонзори на тимот, по 87 години сфатија дека името Redskins, односно „Црвенокожци“ е расистичко и дека не ги претставува американските домородци на вистински начин.
Сопственикот на клубот, Даниел Снајдер, во последните неколку недели беше под голем притисок од јавноста и спонзорите, од името на клубот да го отстрани зборот Redskins.
Федекс, Најк, Пепси и Банка на Америка им се заканија на „Црвенокожците“ дека ќе престанат да ги спонзорираат, освен ако не го променат името кое е расистички кон Индијанците.
Клубот од Вашингтон е познат по тоа име уште од 1933 година, кога седиштето било во Бостон.
Тимот е меѓу најскапите спортски клубови во Америка со проценета вредност од 3 милјарди долари
За време на 87 години од постоењето на Redskins, никој не зборуваше дека станува збор за навредливо име, а логото на клубот претставуваше индијански поглавар. Сепак, во екот на борбата против расизмот под слоганот „Црните животи се важни“, се покрена прашањето за навреда на Индијанците на расна основа преку називот “Црвенокожци“.
Сопственикот Даниел Снајдер се заколнал дека никогаш нема да го смени името на тимот, сметајќи дека означува „гордост, почит и чест“…
Сепак, тимот од Вашингтон ќе мора да најде ново име…