Почитувани читатели на Маркетинг365,за нецели 2 дена почнува еден од најпознатите собири на авертајзинг, маркетинг, дигитал и дизајн креативците од целиот свет -Cannes Lion, кој почнувајќи од 1984 год. традиционално секоја година се оддржува во Кан, Франција.
Самите почетоци на фестивалот датираат од 1954 год. кога во Венеција, Франција беше организирано премиерното издание. Вториот фестивал се оддржа во Монте Карло (1955) а третиот во Кан (1956). Почнувајќи од 1957 се до 1983 фестивалот се менуваше гостуваќи во Кан и Венеција, за најпосле во 1984 година да биде финално решено дека дефинитивен домаќин во иднина ќе биде токму француски Кан.
Оваа година фестивалот слави јубилеј од 60 фестивали и по тој повод организаторите направија еден инфографик во кој се сублимирани сите моменти кои го одбележаа постоењето на овој мега настан.
Ако Ве интересира која агенција колку награди собрала досега или која е најкреативната нација ако се суди сборед број на добиени награди погледнете го инфографикот подолу….Но пред него, најавата за Cannes Lion 2013 !