Во времиња како сегашната Ковид-19 криза, потсетени сме на потребата за поврзување и соработка помеѓу заедниците, генерациите, институциите, земјите и секторите. Секој чекор превземен за решавање на кризата е темел кон градење на решенија и отпор кон сите веќе-постоечки кризи како климатската криза и социјалните и економските нееднаквости. Потребни ни се координирани колективни акции насочени кон социјално праведна и еколошка иднина, за да ја создадеме иднината во која сакаме да живееме.
Време е за колективна акција за создавање на подобар свет после Ковид-19 кризата. Потребни ни се Балкански Зелен Договор и План за Зелено и Праведно Закрепнување кои ќе ги стават луѓето и планетата на прво место. За да ја создадеме оваа визија за подобар свет, потребно ни е учество од сите; организации за човекови права, групи за правата на ЛГБТКИА+ заедницата, еколошки групи и заедници, групи за заштита на правата на мигрантите, фармери и рудари, синдикати, научници, уметници, здравствени работници, едукатори и млади.
Мрежата на млади волонтери Young Friends of the Earth Macedonia, како дел од интернационалната европска мрежа Young Friends of the Earth Europe, организира виртуелна серија на тренинзи насловена Балкански Регионален Форум. Целта на овие тренинзи е развивање на нацрт План за Зелено и Праведно Закрепнување и Балкански Зелен Договор, кој подоцна ќе биде споделен до соодветните институции. Настанот е во организација со SmartUp Social Innovation Lab и SEENET мрежата.
Балканскиот Регионален Форум ќе се оддржжи онлајн, на платформата Zoom, во серија од 3 тренинзи на 20 август, 27 август и 3 септември од 12:00 до14:00 часот.
Линк за пријава на настанот: shorturl.at/bnHX7.