Членките на Европската унија се договориле да создадат заедничка стратегија за борба против дезинформациите во врска со 5G технологијата.
„Ние, како земји-членки, сакаме да придонесеме за оваа иницијатива на ниво на Европската унија со нашата национална експертиза и најдобра можна пракса за решавање на прашањето за дезинформациите за 5G мрежата“, се вели во соопштението.
Ова досега го потпишаа 15 земји-членки, а тие исто така потенцираа дека е неопходен „активен, долгорочен и систематски пристап“.
Како решение, потписниците предложија да се спроведат повеќе научни истражувања за ризиците по здравјето на луѓето и да се спроведат кампањи за подигнување на свеста за 5G технологијата.