Можноста да се привлечат нови топ таленти е најголема грижа за ПР агенциите ширум светот, ако се верува на истражувањето кое беше спроведено од страна на The Holmes Report и International Communications Consultancies Organisation (ICCO) како дел од Светскиот ПР извештај.
Дури 39,9% од испитаниците обележале “регрутирање“ како еден од најголемите предизвици со кои се соочува нивната ПР агенција што претставува зголемување на процентот од минатата година (беше 36,9%) кога беше рангирано како втор предизвик веднаш зад “целокупната економска ситуација“ (37,6%).
Економските услови се помал “предизвик“ за оваа година, бидејќи нив ни обележале само 25,8% од испитаниците и се рангираат како трета грижа, после “регрутирањето“ и “клиентите кои не алоцираат доволно средства за ПР“.
Еве како изгледаат топ предизвиците за ПР агенциите според светскиот извештај на The Holmes Report и ICCO: