И покрај големиот избор на илијадници филмови и серии достапни на стриминг-платформата Netflix, некогаш луѓето се во такво расположение што ништо од понуденото не им се чини како вистинскиот избор.
Затоа, Netflix се реши да создаде линеарен телевизиски канал каде гледачите нема да мора да се мислат што да гледаат. Каналот се вика “Netflix Direct”, и наместо да се двоумите што да гледате – тој проблем го решава Netflix со линерана програма на претходно закажани филмови и серии.
Netflix веќе започнале со тестирање на каналот во Франција. Според истражувањата, во таа државата населението сé уште преферира да гледа традиционална телевизија поради „опуштеното“ искуство.
„Можеби нема да сте во расположение да одлучувате, или пак сте нови и сé уште се снаоѓате на платформата, или пак едноставно сакате да бидете изненадени со нешто ново и различно,“ објаснуваат од Netflix за таргетираната публика, додавајќи дека ваквиот канал е замислен да биде одлично решение за оние кои немаат време да „бинџаат“ серии.
Првичното тест-емитување на телевизискиот канал е засега достапено само преку пребарувач, а од Netflix најавуваат дека ќе продолжат да го тестираат каналот со мала публика, пред да го направат широко достапен во целата држава во текот на декември.