Модниот бренд Balenciaga, во најава обвиткана со мистерија, соопшти дека ќа ја лансира својата нова модна колекција за сезоната есен-зима 2021 преку целосно функционална видео-игра.
Играта ќе го носи насловот “Afterworld: The Age of Tomorrow” и ќе се одвива во 2031 година, при што, според Balenciaga, ќе нуди „продлабочен поглед на новата колекција и проектираната иднина во која е таа наменета да се носи.“
Во однос на првичен поглед на самата игра засега немаме ништо, бидејќи единственото нешто што го публикуваше брендот е кратко 15-секундно видео кое практично го открива само нејзиниот наслов.
Меѓутоа, според најавите присутни во модните публикации, според „извори блиски до брендот“, играта ќе биде „алегориска авантура“ и ќе ја истражува темата на „митолошкото минато“ и „проектираната иднина“.
Според водечкиот моден магазин WWD, играта ќе содржи аватар на херој кој ќе треба да напредува преку задачи и интеракции со цел да ги „обедини двата светови“. Се наведува дека ликот на херојот и неговото дизајнирано патешествие се инспирирани од пишувањата на познатиот американски митолог и професор Џозеф Кемпбел за архетипската слика на „Херојот“.
Лансирањето на играта е најавено за 6 декември.