Брендот за брза храна Burger King во Бразил, со помош на адвертајзинг агенцијата David, го создаде „совршениот“ сендвич кој ја рефлектира 2020 година.
Новиот сендвич на Burger King се состои од застоени тестенини, пилешки нозе, сардини, карамела сос и суво грозје, поставени помеѓу две препечени лепчиња кои ги рефлектираат тешките емоции со кои се соочуваа луѓето оваа година.
Всушност, состојките кои го сочинуваат сендвичот биле одлучени заедни со потрошувачите, кои требало да ги дадат своите предлози со само еден услов: „сендвичот да биде ретроспектива на 2020 година“.
Брендот потоа ги предизвика потрошувачите да го пробаат новиот сендвич, а реакциите, очекувано, воопшто не беа добри – никој не успеа да проголта залак, без разлика на вложениот труд и волја.
„Овој производ сигурно нема да биде огласуван во рестораните на Burger King. Освен ако 2020 година не заврши во декември, сушност би било полошо од кој било сендвич,“ стои во објавата на Burger King.