Џон Оливер, „домаќинот“ на ултра популарното шоу `Last Week Tonight‘, кое се емитува на HBO кои функционираат по модел кој НЕ предвидува рекламирање на нивните телевизиски содржини, изврши жесток напад врз “Native Advertising“-от, online адвертајзинг методот со кој адвертајзерите се трудат да го стекнат вниманието на публиката со пласирање на суптилна рекламна содржина која се појавува како “дел од текстот/прилогот“, кој изгледа како независна вест но всушност претставува “скриена реклама“ под превезот на “потребата“ на корисникот.
Во својот 11-минутен дел од шоуто, Џон се осврнува на многу примери од денешните медиумски групации кои најголемиот свој приход го прават преку Native Advertising, не штедејќи зборови колку сето тоа е збунувачки и непрофесионално кон публиката…притоа по пат тролајки и неколку комерцијални брендови, потсмевајќи се со нивните начини на пласирање на рекламната содржина на овој начин.
Интересен говор на Џон Оливер кој можете да го погледнете во продолжение: