Истражувањето на победниците на Effie Europe објавено од Центарот за знаење EACA, открива седум лекции за тоа како маркетинг комуникациите овозможуваат врвните брендови да напредуваат за време на рецесија.
Студијата под наслов „Најлоши времиња, најдобри времиња: Како комуникацијата им овозможува на врвните брендови да напредуваат во тешки времиња“ беше спроведена од страна на експерти за ефикасност на маркетингот од The Effectiveness Partnership, кои ги анализираа податоците на добитниците на наградите EACA Effie Europe од 2008 до 2019 година.
Наспроти очекувањата дека премиум брендовите се оние кои најверојатно најмногу ќе страдаат во рецесија, The Effectiveness Partnership откри дека тие можат најдобро да ја пребродат рецесијата, придржувајќи се на овие 7 лекции:
- Комуникацијата има потенцијал да постигне посилни деловни ефекти за премиум отколку за не-премиум брендовите, како за време на рецесија, така и кога ја нема.
- Најуспешните кампањи за премиум брендовите во рецесија ја усогласуваат стапката на раст на обемот со стапката на раст на вредноста.
- Постојаното достигнување и убедување на нови клиенти е најсилниот двигател на големите деловни перформанси за премиум брендовите, во рецесија и надвор од неа.
- Успешните премиум брендови се фокусираат на еден сегмент од публиката, така што стратегиите за комуникација имаат јасен фокус, иако влијанието често се чувствува и надвор од тој посебен сегмент.
- Најуспешните кампањи на премиум брендовите во рецесија го поддржуваат лансирањето на нови производи.
- Емоционалните кампањи се уште поефикасни кога сте премиум бренд во рецесија.
- Широкопојасните и теснопојасните канали се два комплементарни фактори кои се клучни за успехот.
EACA Центарот за знаење за ги дели брендовите во 5 категории: Superpremium; Premium; Midmarket; Value; Other/Not for profit brands. Премиум брендовите кои се во фокусот на оваа студија се дефинирани како брендови кои имаат повисоки цени, пожелни се и имаат репутација за квалитет.
Целото истражување можете да го погледнете на следниот линк: The wors of times the best of times.