Македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид АД Скопје објави оглас за вработување на специјалист за комуникации. Се бараат кандидати со минимум 3 години работно искуство во областа на маркетингот и со максимална посветеност и одговорност кон реализирањето проекти и почитувањето рокови.
Задачите на специјалистот за комуникации, меѓу останатото, ќе вклучуваат и планирање и изработка на комуникациска стратегија, развој и примена на планови за комуникација на рекламни активности, следење и координирање на процесот на изработка на промотивни материјали, распределба на вкупниот буџет за медиумски кампањи и комуникација со медиуми и со маркетинг-агенции.
Огласот трае до 22 февруари 2021, а во продолжение следува неговиот текст во интегрална верзија:
Зошто Алкалоид?
Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и кон континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ТИМ!
Бараме СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИИ. Доколку сакате да бидете дел од тимот за маркетинг и комуникации на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!
Како ќе ве препознаеме?
- Задолжително работно искуство од минимум 3 години во маркетинг-агенција или во сектор за маркетинг
- ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг
- Искуство со проектен менаџмент
- Максимална посветеност и одговорност кон реализирањето проекти и почитување рокови
- Познавање на областа на медиумското планирање и огласување
- Познавање на областа на буџетирање и на управување со буџети
- Познавање и интерес спрема трендовите во областа на медиумите (оffline и online)
- Искуство со организирање и со спроведување настани, ПР-кампањи и поврзани активности
- Искуство со изработка на материјали за комуникација (ПР-објави) и нивно проследување до целните медиуми
- Одлично познавање на работата со пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Креативност и проактивност
- Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини
Цели и одговорности на работното место:
- планирање и изработка на комуникациска стратегија;
- развој и примена на планови за комуникација на рекламни активности и на промотивни кампањи, како на корпоративно ниво така и за одделни брендови;
- активирање и анализа на кампањи (оffline и online);
- следење и координирање на процесот на изработка на промотивни материјали за електронска, печатена и за дигитална комуникација;
- изработка, управување и примена на проектни планови за потребите на конкретни маркетиншки активности;
- распределба на вкупниот буџет за медиумски кампањи во согласност со утврдениот годишен план;
- подготовка на извештаи за тековни активности;
- комуникација со медиуми и со маркетинг-агенции и
- следење на активностите на конкуренцијата и следење на трендовите во индустријата.
Што нудиме?
- Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
- Компетитивни месечни приходи
- Дополнителни награди и бенефити во зависност од остварените цели
АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЕДЕН ОД СЛЕДНИТЕ НАЧИНИ:
- со испраќање писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и од дипломи на електронската адреса career@alkaloid.com.mk (големината на прикачените документи да не надминува 20 МВ) или
- со пополнување на онлајн-апликацијата на https://career.alkaloid.com.mk (со назнака за која работна позиција аплицирате)
Во процесот на селекција ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните услови. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а во согласност со член 23 од Законот за работни односи.
Огласот ќе трае до 22.02.2021