• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Saturday, February 27, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

Алкалоид вработува специјалист за комуникации

February 15, 2021
in Во фокусот, Најнови вести, Огласи за Маркетинг/ПР работа
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид АД Скопје објави оглас за вработување на специјалист за комуникации. Се бараат кандидати со минимум 3 години работно искуство во областа на маркетингот и со максимална посветеност и одговорност кон реализирањето проекти и почитувањето рокови.

Задачите на специјалистот за комуникации, меѓу останатото, ќе вклучуваат и планирање и изработка на комуникациска стратегија, развој и примена на планови за комуникација на рекламни активности, следење и координирање на процесот на изработка на промотивни материјали, распределба на вкупниот буџет за медиумски кампањи и комуникација со медиуми и со маркетинг-агенции.

Огласот трае до 22 февруари 2021, а во продолжение следува неговиот текст во интегрална верзија:

Зошто Алкалоид?

Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот, која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и кон континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!

ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ВО НАШИОТ ТИМ!

Бараме СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИИ. Доколку сакате да бидете дел од тимот за маркетинг и комуникации на модерна фармацевтска компанија, која се грижи за своите вработени, и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Како ќе ве препознаеме?

  • Задолжително работно искуство од минимум 3 години во маркетинг-агенција или во сектор за маркетинг
  • ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг
  • Искуство со проектен менаџмент
  • Максимална посветеност и одговорност кон реализирањето проекти и почитување рокови
  • Познавање на областа на медиумското планирање и огласување
  • Познавање на областа на буџетирање и на управување со буџети
  • Познавање и интерес спрема трендовите во областа на медиумите (оffline и online)
  • Искуство со организирање и со спроведување настани, ПР-кампањи и поврзани активности
  • Искуство со изработка на материјали за комуникација (ПР-објави) и нивно проследување до целните медиуми
  • Одлично познавање на работата со пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Креативност и проактивност
  • Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини

Цели и одговорности на работното место:

  • планирање и изработка на комуникациска стратегија;
  • развој и примена на планови за комуникација на рекламни активности и на промотивни кампањи, како на корпоративно ниво така и за одделни брендови;
  • активирање и анализа на кампањи (оffline и online);
  • следење и координирање на процесот на изработка на промотивни материјали за електронска, печатена и за дигитална комуникација;
  • изработка, управување и примена на проектни планови за потребите на конкретни маркетиншки активности;
  • распределба на вкупниот буџет за медиумски кампањи во согласност со утврдениот годишен план;
  • подготовка на извештаи за тековни активности;
  • комуникација со медиуми и со маркетинг-агенции и
  • следење на активностите на конкуренцијата и следење на трендовите во индустријата.

Што нудиме?

  • Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
  • Компетитивни месечни приходи
  • Дополнителни награди и бенефити во зависност од остварените цели

АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЕДЕН ОД СЛЕДНИТЕ НАЧИНИ:

  • со испраќање писмо за мотивација, CV и копии од сертификати и од дипломи на електронската адреса career@alkaloid.com.mk (големината на прикачените документи да не надминува 20 МВ) или
  • со пополнување на онлајн-апликацијата на https://career.alkaloid.com.mk (со назнака за која работна позиција аплицирате)

Во процесот на селекција ќе бидат вклучени само кандидатите кои ќе достават целосна документација и кои ги исполнуваат бараните   услови. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а во согласност со член 23 од Законот за работни односи.

Огласот ќе трае до 22.02.2021

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.