Шведската активистка Грета Тунберг објави видео за климатските промени, а нејзиниот фокус е планетата Марс, каде слета роверот на НАСА, Perseverence.
Сатирично туристичко видео за Црвената планета наменето кон „еден процент“ од најбогатите луѓе во светот е објавено од младата шведска активистка Грета Тунберг. Тунберг го објави видеото во рамките на кампањата за климатските промени Fridays For Future (FFF), а портпаролот на таа кампања ја објасни целта на видеото.
Сакавме да ставиме акцент на чистата глупост, рече тој.
На видеото, нараторот го потенцира недопрениот пејзаж и ултимативната слобода што може да се доживее, сето тоа без стресот предизвикан од климатските промени.
Вселенските програми финансирани од владите и ултрабогатите луѓе кои сочинуваат 15 од светската популација, ласерски се насочени кон Марс, но сепак повеќето луѓе никогаш нема да имаат можност да го посетат Марс, рече портпаролот.
Самиот наслов на видеото е „1%“, а Тунберг под „ултимативната слобода“ која се промовира кога станува збор за Марс во видеото сугерира дека оние кои ќе го направат ова “големо бегство“ од Земјата, нема да мора да живеат под притисокот на климатските промена и правила што државите на Земјата ги воспоставуваат во борбата против овој проблем.
Идејата на ова видео, според FFF, е да се истакне дека ултрабогатиот еден процент од човештвото го гледа Марс како ново место за живеење, откако Земјата веќе не е погодна за живот. Во меѓувреме, останатите 99 проценти од човештвото ќе бидат оставени да се справат со решавање на проблемите од последиците од климатските промени.
„А што се однесува до 99 проценти од нас кои остануваме на Земјата, би било подобро да ги поправиме климатските промени“, е последната реченица изречена на видеото.