Компанијата Марс Вригли дизајнираше робот со полици за слатки и чоколади, кој шета низ продавниците и им ги нуди на луѓето.
Роботот ќе ви понуди чоколади и гуми за џвакање дури и ако сте покрај полица со тестенини или во одделот за овошје и зеленчук.
Наречен Смајли, роботот изгледа како полица што патува, потпирајќи се на своите бројни сензори за да шета низ продавницата, но и да застане кога ќе детектира дека одредена личност повеќе не може да одолее и тргне да земе кутија со гуми за џвакање, чоколадо или пакување бонбони.
Роботот во моментов е во пробна фаза во продавница во Њујорк, која има широки ходници совршени за испробување на неговата навигација.
Освен намерата да продава што повеќе производи, Смајли има и друга цел. Неговите сензори собираат податоци за интеракциите на купувачите, вклучително и за тоа на кој начин се движат низ продавницата.