На 3 јуни оваа година е закажано отворањето на првата специјализирана продавница посветена на популарната филмската франшиза “Harry Potter” и нејзиното ретропродолжение “Fantastic Beasts”. Продавницата ќе има три спратови и вкупен простор од скоро 2000 квадратни метри.
Според објавеното соопштение од филмската продукциска компанија Warner Bros во чија сопственост се филмските франшизи, фановите во новата продавница ќе можат да најдат сé поврзано со нивниот омилен свет на волшебници. Продавницата ќе се состои од 15 различни тематски области, а посетителите исто така ќе можат да учествуваат во интерактивни игри и да искусуваат авантури со помош на технологијата на виртуелна реалност. Според најавите, дел од овие виртуелни искуства ќе биде турнеја низ училиштето за волшебници Хогварц, како и летање над реката Темза во Лондон.
Она што е можеби најинтересно е деека во рамки на продавницата ќе има и друга продавница на дизајнерското дуо Мирафора Мина и Едуардо Лима, кои стојат зад визуелната уметност во Harry Potter и Fantastic Beasts.
„Нивото на уметнички детали и квалитетот на дизајнот инспириран од филмовите значи дека продавницата Harry Potter New York ќе донесе едно целосно ново шопинг искуство во градот. Со преку 1,000 реквизити од светот на волшебниците на излог, неверојатното тематизирање, заедно со искуства како можности за фотогрфирање и фантастичниот избор на производи, ќе има нешто специјално за секој фан,“ истакнува Сара Рутс, извршен потпретседател во Warner Bros Worldwide Tours & Retail.
Повеќе информации за продавницата може да се најдат на официјалниот веб-сајт на следниот линк.