Поминаа само неколку часа откако Apple и официјално ги претстави своите нови производи iPhone 6, iPhone6 Plus и Apple Watch како и новиот сервис Apple Pay….а еден од нивните најголеми ривали на полето на смарт телефони (и технологии воопшто) веќе спремен ја продолжи “војната“ со пародија реклами.
Носечки слоган на трите 30-секундни реклами на Самсунг е “Не треба да се биде генијалец“ и во нив се исмеваат новитетите од Apple претставувајќи ги како нешто кое што веќе оддамна е присутно на пазарот и не е толку возбудливо како што тие сакаат да го прикажат. Погледнете ги во продолжение: