Чешката Newton Media потпиша договор за купување на 51,49% од акциите на MCA Група со групацијата Пристоп, со што стана мнозински сопственик на компанијата Kliping, соопштија од компанијата.
Newton Media со седиште во Прага е водечка компанија во централна и источна Европа која се занимава со интегрирано управување со медиските содржини. Компанијата нуди услуги на мониторинг, анализа на медиуми, следење на социјалните мрежи, огласување, спремање на извештаи, советување и поддршка на своите клиенти повеќе од 20 години.
Со купувањето на уделот во MCA групата, Newton Media ја прошири својата позиција во централна и источна европа како и на пазарите во регионот на Западен Балкан имајќи го предвит фактот што Клипинг е присутен и во Србија, Македонија, БиХ, Словенија и Хрватска.
Petr Herian, сопственикот на Newton Technologies и Newton Media, по повод договорот изјави: “Бевме во потрага на можност да го зголемиме нашето учество на пазарот и да ја зголемиме мрежата на професионални соработници и технолошка синергија. MCA Групата е единствена агенција во нашата бранша која има свои претставништва ширум регионот на западен Балкан. На локалните пазари воглавно нивната работа зазема водечки удел на пазарот, што е во голема мера резултат на добрата кохезија и професионалност на тимовите со кои квалитетно се менаџирало како и нивното претходно инвестирање во развојот“
Основната предност за новите и постоечки бизнис корисници пред се ќе биде проширувањето на услужното портфолио на сите земји во кои постојат филијали, што е од посебна важност за извозниците и големите меѓународни компании, пронаоѓањето на технолошка синергија во прилог обезбедувањето на квалитетна услуга во овие земји, понудата на нови производи и услуги прилагодени на различни гранки од индустријата итн..