Како се пишуваат рекламите? Што претставува пишувањето реклами, односно copywriting? Како тој функционира, и зошто функционира така како што функционира? Одговорите на овие и други бројни прашања, во својата книга, прирачник за copywriter-и, “Ma tko samo smišlja te reklame?!” ги даде, Г-дин Борис Белак во книгата за која Nikola Žinić (Bruketa&Žinić OM) во една прилика изјави дека ја смета за задолжителна литература и дека е потребно да се чита два пати годиншно, до пензија.
НАРАЧКА на книгата : “Ma tko samo smišlja te reklame?!“
Често (многу погрешно) се мисли дека за пишување на реклами е доволно некој да е само граматички и правописно писмен. Иако ова е неопходен предуслов…тој секако е недоволен. За една реклама да има успех, таа мора пред се да биде прилагодена на публиката пред која се пласира – а ова не е можно без познавање на пазарот, без познавање на индустријата, нејзините специфичности и најважно, без познавање на луѓето кои тој производ или услуга ќе ја користат.
Белак со неговата книга објаснува од каде се почнало, по кои патишта се “движеше“ адвертајзингот и кои се специфичностите на медиумите преку кои се пренесува пораката.
ЦИТАТИ ОД КНИГАТА :
Copywriter-от во рекламната агенција е како куварот во ресторан ! Освен што и двајцата се релативно “невидливи“, сличноста е и во тоа што компанијата во која работат, најмногу го гради своето реноме преку нивните дела!
Добриот copywriter го карактеризираат: јасноста, луцидноста, имагинацијата, стилот, прецизноста и контролираната страст.
Затоа за еден copywriter, освен богатиот вокабулар и општата култура е важно и споменатото собирање на различни искуства. Освен собирањето на знаење и информации, разните искуства помагаат да се спознаат и разберат луѓето, а тоа е многу важно за copywriting.
Додека бизнис луѓето во своите текстови сакаат да користат подолги реченици, вештината на копирајтерот баш е во редукцијата: во сумирање на мислите во кратки и ефективни пораки, ако може, и во еден збор !
Доброто огласување не застанува на линијата на помал отпор и не се задоволува со она што е прикладно и “на прва топка“. Доброто огласување секогаш дава нешто повеќе и нешто што не сме очекувале !
Според Sugarman , единствена цел на првата реченица во рекламен текст е да те натера да ја прочиташ втората реченица од рекламниот текст.
Скратено, луѓето купуваат од две причини: да решат проблем и/или поради добро чувтство !