Во фебруари годинава пишувавме за едена исклучително интересна идеја за билборд кој беше поставен во некое метро во Шведска каде “Apotek“ фармацевски бренд со намера да претстави нова линија козметика за нега на женската коса ја користи моќта на технологијата користејќи сензори кои го следат надоаѓањето на возот и прави анимација со косата на девојката на билбордот.
Истата идеја, овојпат е искористена за една друга цел и испраќање на една силна порака.
Сега, на овој билборд повторно се прикажуваат бујните коси на девојките по миењето, кои се развејуваат на сите страни според брзината на движењето на метрото….но анимацијата е надополнета со новина која наеднаш предизвикува шок кога истиот тој ветар од брзината на метрото, наеднаш ја одвејува периката со бујната коса на девојката.
Момент кога минувачите се запрепастуваат од глетката на ќелавата девојка и пораката која им обрнува внимание за сè поголемиот број деца на кои, за жал, секојдневно им се дијагностицира рак.
Оригинален начин за да се искористи рекламниот простор, да се допре до свеста на многу луѓе и да се направи нешто за борба против оваа болест.
Погледнете: