Стриминг платформата Netflix лансираше нова модна колекција на „улична облека“, инспирирана од новата хит-серија, јужнокорејската “Squid Game”.
Колекцијата е создадена со помош на дизајнерското студио Emotionally Unavailable на КајБум Ли и Едисон Чен, а влече инспирација од детските игри и мотивите прикажани во серијата.
„Соработката со шоу кое ја поддржува и претставува корејската култура и наследство беше особено важно за мене. „Црвено светло, зелено светло“ беше една од моите омилени игри како дете“, посочува КајБум Ли, ко-основач на Emotionally Unavailable.
Колекцијата се состои од маици со кратки ракави, блузи со долги ракави, дуксери и капи. Модните артикли се достапни за купување преку онлајн продавницата на Netflix, каде исто така може да се најдат и Фанко Поп фигурини поврзани со “Squid Game”.