На 4 декември, на националната стриминг платформа ГЛЕЈ, премиерно започнува втората сезона од мегапопуларната хит серија „БЕСА“.
Продуцентите и авторите не губеле време на долги и здодевни воведи и потсетувања од првата сезона, туку веднаш отвораат неколку многу интересни приказни. Една од околностите во која три години подоцна ги наоѓаме хероите на „Беса“ е и промената на генерации во нарко клановите и во сосема новиот, поинаков однос на силите. Младите лавови кои веќе ги зазеле своите позиции или само што се подготвуваат за тоа се Дритон Бериша, Иљир Соколи и Лука Јовановиќ.
Втората сезона од мегапопуларната серија „Беса“ продолжува три години откако Урош Периќ ја доби последната задача од шефот на албанската мафија Дардан Бериша: да го убие инспекторот Петрит Кочи за да си ја спаси главата.
Три години подоцна семејството Периќ го слави роденденот на Видан на сосема неочекувано место и во нецелосен состав. Во исто време, синот на Дардан Бериша, Дритон, се враќа од Италија во Црна Гора, каде што татко му го испратил да студира. Братот на неговиот вујко, Иљир Сокољи, веќе води успешен бизнис од својата вила на Женевското езеро.
Инспекторот Петрит Кочи е сѐ уште жив и оженет. Неговата партнерка од полицијата Дивна продолжува да ги следи активностите на кланот Бериша, додека нејзиниот поранешен сопруг се заканува дека ќе и го одземе старателството над ќерката.
Лука трпи притисок бидејќи неговата директна соработничка Ана, која сака од него да дознае кој го убил брат ѝ, е во бизнисот со кокаин.
Една смрт во кланот Бериша и неочекуваниот крај на роденденот на Видан Периќ ќе предизвика низа неверојатни настани што ќе го покренат прашањето дали секогаш е можно да се задржи дадениот збор.
„Беса 2“, носи нова распределба на моќта и неколку свежи желби за одмазда. Ќе биде интересно да се види дали некои од нив веќе почнале да се остваруваат.
Во серијата е ангажирана мултинационална актерска екипа позната на овие простори. Нашата актерка Камка Тоциновска, толкува една од главните улоги.
Доколку не сте ја изгледале првата сезона на „БЕСА“ направете го тоа деновиве и подгответе се за продолжението.