(РЕГИОН) – Полициските службеници на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (SIPA), по наредба на Обинителството на БиХ, во последниве два дена ја спроведуваат акцијата под кодно име Gibraltar. Во акцијата се уапсени девет лица, воглавно директори на медиски и рекламни агенции кои се поврзани со криминални активности во реализација на маркетинг кампањи за босанскиот мобилен оператор Eronet, пренесува порталот Media-Marketing.
Се работи за личности кои се осомничени за казнени дела за организиран криминал, а во врска со злоупотреба на деловните позиции и овластувања, склучување на штетни договори, даночни затајувања, перење на пари и незаконски трансакции во повеќемилионски износи.
Во рамки на оваа акција, од слобода се лишени: Neven Kulenović (1967.), директор на агенцијата S.V.R.S.A, потоа Belma Kulenović (1972.), Sanjin Kulenović (1970.), Lajla Torlak, (1978.), главен уредник на Pink TV BiH, Darko Aleksić (1965.), директор на Program Plus, Ejub Kučuk (1973.), директор на маркетинг агенцијата MITA Group, Senad Zaimović (1964.), директор на агенцијата Fabrika како и високи претставници на менаџерскиот тим на операторот Eronet, Stipe Prlić (1958.), генерален дректор и Zoran Bakula(1964.), директор за мобилна телефонија.
Во склоп на акцијата спроведени се претреси во повеќе стамбени објекти и деловни простории на близу 20 локации со цел пронаоѓање и привремено одземање на доказни материјали за понатамошните постапки.
Обвинителството на БиХ во обемната истрага за овој случај оствари меѓународна соработка и со полицијата и правосудните органи на неколку други земји, првенствено Република Словенија и Република