Со цел да се потенцира индивидуалноста на своите клиенти кои префериират Diet Cola, Кока-Кола Израел во соработка со агенцијата GefenTeam лансираше голема кампања во која дизајнираа два милиони уникатни етикети за својот производ.
Носечки слоган на кампањата е “Останете Извонредни“ и освен огромниот број уникатни етикети е придружена и со outdoor кампања со стотици различни билборди. Со оваа кампања секој купувач ќе добие уникатно Кока-Кола шише со единствена етикета која не се повторува.
Индивидуалните дизајни беа направени со помош на компјутерски алгоритам кој направил 2 милиони различни комбинации на бои и форми кои претходно беа подготвени од дизајнерите кои работеа на проектот.