Home » Во фокусот » Со помош на алгоритам Кока-Кола дизајнираше 2 милиони различни етикети

Со помош на алгоритам Кока-Кола дизајнираше 2 милиони различни етикети

Со цел да се потенцира индивидуалноста на своите клиенти кои префериират Diet Cola, Кока-Кола Израел во соработка со агенцијата GefenTeam  лансираше голема кампања во која дизајнираа два милиони уникатни етикети за својот производ.

Носечки слоган на кампањата е “Останете Извонредни“ и освен огромниот број уникатни етикети е придружена и со outdoor кампања со стотици различни билборди. Со оваа кампања секој купувач ќе добие уникатно Кока-Кола шише со единствена етикета која не се повторува.

Индивидуалните дизајни беа направени со помош на компјутерски алгоритам кој направил 2 милиони различни комбинации на бои и форми кои претходно беа подготвени од дизајнерите кои работеа на проектот.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365