За прв пат едно видео прикачено на платформата YouTube достигна рекордна бројка од 10 милиони прегледи, но можеби ќе се изненадите за што се работи.
Не се работи ниту за смешно видео, ниту за некој популарен поп-изведувч, туку за детската песна “Baby Shark” („Бебе ајкула“) од јужнокорејската едукативна компанија Pinkfong.
Заразната детска песничка проследена со танцувачко видео беше прикачено во 2016 година, при што само во првата година и половина успеа да собере дури 2 милијарди прегледи.
Сега, уште 8 милијарди прегледи подоцна, видеото го сруши рекордот за најгледано видео на YouTube и ја надмина границата од 10 милијарди прегледи.
„Со задоволство објавуваме дека нашата сакана Baby Shark забележа уште едно извонредно достигнување. Ова беше навистина значајно патешествие да се види како Baby Shark ги поврзува луѓето ширум светот и едвај чекаме да ги претставиме понатамошните авантури на Baby Shark кои ќе донесат неспоредливи искуства за уште повеќе фанови насекаде“, истакна Мин-сеок Ким, генерален извршен директор на Pinkfong.