(РЕГИОН) – Во текот на вчерашниот ден, мобилниот оператор Вип од соседна Србија ја лансираше кампањата со носечки слоган “Некои работи ги правиш само додека си млад“ која е наменета за лицата помлади од 30 години.
Кампањата има за цел да промовира нови тарифи, со неограничени минути во нивната мрежа, неограничени СМС пораки и многу MB за сурфање.
Во склоп на истата е снимена и ТВ реклама која многу брзо се прошири низ социјалните мрежи и медиумите во Србија и регионот и предизвика многу дијаметрално спротивни коментари, од такви дека ова е “одлична реклама која ќе се памети“ се до такви како “ова е срамна/недолична реклама“.
Многумина замерија на Вип Србија, за провокативната фотографија која беше поставена како насловна на целата кампања и на официјалниот корпоративен веб сајт (погледнете тука) која доби еден одличен коментар на нивната фан страна кој ја отсликува целата фама: “samo za mladje od 30 – samo za starije od 18.“ :)
Како би ја оцениле Вие ?