Home » Во фокусот » Рекламата на Вип Србија околу која се крена голема прашина!

Рекламата на Вип Србија околу која се крена голема прашина!

(РЕГИОН) – Во текот на вчерашниот ден, мобилниот оператор Вип од соседна Србија ја лансираше кампањата со носечки слоган “Некои работи ги правиш само додека си млад“ која е наменета за лицата помлади од 30 години.

Кампањата има за цел да промовира нови тарифи, со неограничени минути во нивната мрежа, неограничени СМС пораки и многу MB за сурфање.

Во склоп на истата е снимена и ТВ реклама која многу брзо се прошири низ социјалните мрежи и медиумите во Србија и регионот и предизвика многу дијаметрално спротивни коментари, од такви дека ова е “одлична реклама која ќе се памети“ се до такви како “ова е срамна/недолична реклама“.

Многумина замерија на Вип Србија, за провокативната  фотографија која беше поставена како насловна на целата кампања и на официјалниот корпоративен веб сајт (погледнете тука) која доби еден одличен коментар на нивната фан страна кој ја отсликува целата фама: “samo za mladje od 30 – samo za starije od 18.“ :)

Како би ја оцениле Вие ?

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365