Палетата Hindu KitKat во Индија повеќе нема да биде достапна на полиците поради обвинувања за непочитување на верските чувства.
Многу луѓе изразија бес поради тоа што чоколадните обвивки на кои се наоѓаат ликови на хиндуистички божства може да се фрлат во канта, да се стуткаат или да се газат.
Поради тоа, компанијата Нестле повлече посебен асортиман на своите слатки, после сè побројните поплаки.
Станува збор за лимитирана линија на добро познати чоколади лансирана како дел од глобалната палета „KitKat – направи пауза на патувањето“, каде што на амбалажите има мотиви карактеристични за локалните обичаи или уметност.
Меѓутоа, индиската верзија, која беше дизајнирана да ги промовира занаетите на индиската држава Одиша, предизвика гнев во јавноста, бидејќи на амбалажите беа прикажани слики на хиндуистичките божествата Господар Јаганат, Балабхадра и Мата Субхадра.
Многумина изразија бес што обвивките од чоколадата може да завршат во „канти за ѓубре, одводи, канали“ или да бидат згазени, што би било непочитување кон боговите и хиндуистичката вера.
„Сакавме да ги охрабриме луѓето да научат повеќе за уметностите и занаетите. „Ја разбираме чувствителноста на таквите потези и жалиме ако ненамерно ги повредиме чувствата на луѓето“, се вели во соопштението на компанијата Нестле.
Минатата година, компанијата се извини за пакувањата на кои погрешно е прикажан националниот парк Ламијао со информација дека се наоѓа во државата Мегалаја, а не во Манипур, а на амбалажата беше претставена црвена панда, вид што воопшто не постои во споменатиот парк.