Американскиот синџир на ресторани Applebee’s реши да го паузира своето рекламирање на CNN, откако кабелската телевизија емитуваше весела реклама на Applebee’s сред известувањето за војната во Украина.
Рекламата прикажуваше танцувачки каубој, проследена со весел и забавен тон, што многу луѓе на социјалните мрежи го оценија како „невкусно“ во контекст на драматичните и трагични случувања.
Компанијата Applebee’s соошти дека е „разочарана“ од тајминот на CNN, но и од самото техничко решение за емитување на рекламата – ставајќи прозорец со поховано пилешко веднаш до насловот „Русија ја нападна Украина“.
Од Applebee’s истакнуваат дека се длабоко загрижени за случуваањата во Украина, па откако дознале дека нивната реклама е емитувана на овој начин, веднаш одлучиле да го прекинат своето огласување на CNN.
Од друга страна, одредени гласови во медиумскиот простор ја осудија одлуката на Applebee’s, тврдејќи дека кратат „важни приходи“ за новинарите кои известуваат за конфликтот.