Македонската агенција Њу Момент Скопје (New Moment New Ideas Skopje), за која вчера веќе објавивме дека е единствена агенција од Јадранскиот регион која успеа да влезе во финалето на Cannes Lions – денеска ја направи горда македонската маркетинг сцена со освојување на “Титаниум Лав“.
Ова е нивна прва награда на Cannes Lions – најпрестижниот светски собир на креативни агенции, а ја освојуваат во категоријата Титаниум-интегрирана кампања со својот проект насловен како “10 метри одвоени“.
Редакцијата на Маркетинг365 од сесрце им го честита овој голем успех на сите членови на New Moment Скопје и им посакува уште многу успеси во иднина !