(РЕГИОН) – На тринаесетото Изборно Собрание на српското здружение за односи со јавноста (ДСОЈ), кое се оддржа синоќа во Стопанската комора на Србија, избрано е ново раководство на здружението чиј нов предводник ќе биде Тамара Бекчиќ, директорката на Чептер 4 Србија.
Покрај неа, во новиот управен одбор избрани се и : Рајка Шиниќ Вулиќ (Банка Интеса), Марија Беслаќ (Теленор), Јелена Шаренац (Хенкел Србија), Душан Стојаковиќ (Хемофарма), Тамара Коштро Чириќ (Викторија Група) и Ана Петровиќ (СП Ласта).
На изборното собрание беа избрани и новите членови на останатите органи на здружението (Надзорен одбор и Суд на Честа), како и новиот состав на жирито за доделување на наградата PRiZNANJE.