Две години откако Шкотска усвои закон со кој сите тампони и хигиенски влошки станаа бесплатни, земјата повторно се најде во центарот на светското внимание со тоа што стана првата земја која со закон бара од јавните установи да нудат бесплатни производи за менструална хигиена.
Новите законски одредби беа усвоени претходно оваа недела како дел од Законот за менструални производи, наложувајќи им на сите јавни установи, вклучувајќи ги градските совети и образовните центри, да обезбедуваат бесплатни менструални производи за посетителите.
Како што пишува Би-Би-Си, законот предложен од лабуристичката пратеничка Моника Ленон бил едногласно поддржан од сите претставници во шкотскиот парламент.
Нарекувајќи го напредокот „уште една голема пресвртница за активистите за менструално достоинство“, пратеничката Ленон рече дека амандманот ја покажува позитивната промена што „храбрите политички потези“ можат да ја направат во големи размери.
Државата од 2017 година потрошила 27 милиони фунти за да го зголеми пристапот до производите за менструална хигиена.