Дебатата што го разгледува прашањето кој е подобар во битката Email Маркетинг Vs. Социјални медиум се води подолго време и неспорно е дека има голем број подржувачи на двете страни кои без двоумење ќе го посочат нивниот “фаворит“ за алатка која е поефикасна и на која и даваат предност во своите кампањи.
Се чини дека одговорот на оваа дилема исто така има две димензии: Двете и ниедна :)
Нема вистински точен одговор бидејќи двете алатки се валидни и во модерната маркетинг ера.Секоја година слушаме приврзаници на Фејсбук и Твитер кои велат дека email маркетингот “е готов“, но исто така и секоја година тие се демантирани од резултатите кои тој ги испорачува.
Уште повеќе што од година во година пак приврзаниците на Email маркетингот одат со ставот дека оваа алатка токму сега го развива својот полн потенцијал и никогаш не било поважно да се применува.
Статистиките велат дека Email маркетингот сеуште конвертира подобро а социјалните медиуми се незаменливи за “држење“ на фановите, редовна интеракција со нив, едукација и информирање во реално време.
Заклучокот би бил дека паметните маркетери (и паметните брендови) не смеат да бираат помеѓу емаил маркетинг и социјални медиуми. Тие треба да ги користат и да ја осознаат вредноста на двете алатки подеднакво.