Пред неколку дена во Охрид започна со работа новата Агенција за маркетинг БИЛБОРД. Под мотото “Ваше барење, наше решение“ тимот на БИЛБОРД ќе се потруди да одговори на Вашите потреби од областа на маркетинг консалтинг, продажбата и изнајмувањето на недвижен имот.
Како што велат основачите, целта на оваа агенција е “навремено, ефикасно и креативно да ги исполни Вашите очекувања и да создаде лојални и задоволни партнери“.
Поопширно за активностите и понудите на БИЛБОРД можете да се информирате на нивната facebook страна: https://www.facebook.com/agencija.bilbord , како и на нивната официјална web страна: www.bilbord.com.mk која ќе биде лансирана во текот на оваа седмица.