Да се запознаеме со..“ е секција првенствено посветена на луѓето кои работат во маркетинг и ПР секторите во македонските компании, во која преку неколку кратки, блиц прашања ќе промовираме професионалци кои знаеме дека редовно си го читаат М365 и кои накратко ќе ни пренесат што актуелно се случува во нивната компанија и кои се предизвиците со кои нивниот сектор ќе се соочи во наредниот период.
Наш денешен гостин е: Ангела Христовска
Име и презиме: Ангела Христовска
Компанија: EYECON media – компанија за маркетинг, рекламирање, графички и веб дизајн.
Работна позиција: Менаџер
М365: Кон што е насочено вниманието на компанијата во моментов?
Eyecon media е стара само неколку месеци, па може да се каже дека сега ги правиме нашите први бебешки чекори. За нас е многу важно тоа што го работиме денес да го вложуваме во иднината. И аналогно на ова последните неколку месеци од 2014 покрај работењето со нашите постоечки клиенти, се занимававме со истражување на пазарот надвор од границите на Македонија и стратегија за привлекување на странски клиенти. Ова ни останува примарен фокус и во 2015, заедно со довршување на брендирањето на компанијата и започнување со имплементирање на замислената комуникациска стратегија.
М365: Кои се главни цели на Вашата компанија во 2015 година и како планирате да ја прилагодите комуникациската стратегија во реализирање на истите.
Па како што спомнав си дозволив да сонувам “ на големо” па креирав еден вид на манифест за успешна година. EYECON е непозната компанија на Македонскиот пазар па затоа првенствено планираме да ја зацврстиме нашата позиција со задржување на сегашните клиенти и привлекување на нови домашни и странски клиенти.
Главна цел на EYECON е креирање и имплементирање на Мерлив Маркетинг План со примена на PESO моделот кој комбинира 4 аспекти на медиуми и тоа: платени медиуми, добар ПР, Социјални медиуми и медиуми кои ги контролира компанијата ( веб страна, фејсбук страна, можеби сопствн портал и сл.).
Комуникацијата е наш фетиш и тука се чувствуваме најкомотно. Ние во EYECON веруваме дека во добрата комуникација се преплетуваат и уметноста и науката. Затоа учиме, проучуваме и откриваме нови информации, нови пристапи: Како комуницираат луѓето меѓусебно? Како влегуваат во интеракција и зошто? Што дава резултат а што не? Како луѓето се врзуваат за Брендовите и зошто купуваат? И секако со добра причина сакаме да ги кршиме правилата и да ја менуваме перспективата на комуникацијата.
Како што спомнав погоре нашата комуникациска стратегија за 2015 го следи PESO моделот што вклучува многу комуникација и поврзување со клиентите, креирање на допадливи содржини и услуги за нашите клиенти, многу едукација преку webinar-и, Blog постови, директни мејлови, добро осмислен ПР. Јас лично верувам во win-win ситуации па би сакала моите клиенти да ја почувствуваат посветеноста со која работам на секој Бренд и желбата заедно да создадеме успешни брендови и производи кои ќе остават впечаток на пазарот.
За да се запознаете со она што Eyeconmedia го има сработено до сега посетете ја страницата www.eyeconworks.com.
Колегите можат да Ве контактираат на:
- LinkedIn: mk.linkedin.com/in/angelahristovska
- FB: facebook.com/angelaodbozinovski
- Twitter:@AngelaHristov
- E-mail: angela@eyeconworks.com