Home » Во фокусот » …Ангела Христовска (EYECON media )

…Ангела Христовска (EYECON media )

Да се запознаеме со..“ е секција првенствено посветена на луѓето кои работат во маркетинг и ПР секторите во македонските компании, во која преку неколку кратки, блиц прашања ќе промовираме професионалци кои знаеме дека редовно си го читаат М365 и кои накратко ќе ни пренесат што актуелно се случува во нивната компанија и кои се предизвиците со кои нивниот сектор ќе се соочи во наредниот период.

Наш денешен гостин е: Ангела Христовска

Angela Hristvoska

Име и презиме: Ангела Христовска

Компанија: EYECON media – компанија за маркетинг, рекламирање, графички и веб дизајн.

Работна позиција: Менаџер

М365: Кон што е насочено вниманието на компанијата во моментов?

Eyecon media е стара само неколку месеци, па може да се каже дека сега ги правиме нашите први бебешки чекори. За нас е многу важно тоа што го работиме денес да го вложуваме во иднината. И аналогно на ова последните неколку месеци од 2014 покрај работењето со нашите постоечки клиенти, се занимававме  со истражување на пазарот надвор од границите на Македонија и стратегија за привлекување на странски клиенти. Ова ни останува примарен фокус и во 2015, заедно со довршување на брендирањето на компанијата и започнување со имплементирање на замислената комуникациска стратегија.

М365: Кои се главни цели на Вашата компанија во 2015 година и како планирате да ја прилагодите комуникациската стратегија во реализирање на истите.

Па како што спомнав си дозволив да сонувам “ на големо” па креирав еден вид на манифест за успешна година. EYECON е непозната компанија на Македонскиот пазар па затоа првенствено планираме да ја зацврстиме нашата позиција со задржување на сегашните клиенти и привлекување на нови домашни и странски клиенти.

Главна цел на EYECON е креирање и имплементирање на Мерлив Маркетинг План со примена на PESO моделот кој комбинира 4 аспекти на медиуми и тоа: платени медиуми, добар ПР, Социјални медиуми и медиуми кои ги контролира компанијата ( веб страна, фејсбук страна, можеби сопствн портал и сл.).

Комуникацијата е наш фетиш и тука се чувствуваме најкомотно. Ние во EYECON веруваме дека во добрата комуникација се преплетуваат и уметноста и науката. Затоа учиме,  проучуваме и откриваме нови информации, нови пристапи: Како комуницираат луѓето меѓусебно? Како влегуваат во интеракција и зошто? Што дава резултат а што не? Како луѓето се врзуваат за Брендовите и зошто купуваат? И секако со добра причина сакаме да ги кршиме правилата и да ја менуваме перспективата на комуникацијата.

Како што спомнав погоре нашата комуникациска стратегија за 2015 го следи PESO моделот што вклучува многу комуникација и поврзување со клиентите, креирање на допадливи содржини и услуги за нашите клиенти, многу едукација преку webinar-и, Blog постови, директни мејлови, добро осмислен ПР. Јас лично верувам во win-win ситуации па би сакала моите клиенти да ја почувствуваат посветеноста со која работам на секој Бренд и желбата заедно да создадеме успешни брендови и производи кои ќе остават впечаток на пазарот.

За да се запознаете со она што Eyeconmedia го има сработено до сега посетете ја страницата www.eyeconworks.com.

Колегите можат да Ве контактираат на:

  • LinkedIn: mk.linkedin.com/in/angelahristovska
  • FB: facebook.com/angelaodbozinovski
  • Twitter:@AngelaHristov
  • E-mail: angela@eyeconworks.com

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365