Да, почнува тоа време од годината кога поинтензивно ќе пишуваме за “Супер Бол“, спортскиот настан на годината, за кој повеќе зборуваат маркетерите отколку спортистите :)
VOX медиа, компанијата мајка на веб сајтот theVerge потврди дека ќе учествува на овогодинешното издание на Супер Бол (1 февруари) со своја 30 секунди долга реклама за веб сајтот….но нема да плати ни приближно од 4,5 милиони долари колку што другите компании плаќаат за тоа…туку…тоа задоволство ќе ја чини неверојатни…само 700 долари.
Хмм…, во што е цаката?
VOX медиа ни даде убава лекција како со паметен маркетинг потез се добива не само регионален, туку и глобален публицитет.
Цаката е во тоа што од VOX медиа барале својата Супер Бол реклама да се емитува само за жителите на Хелена, градчето од државата Монтана кое има само околу 30,000 жители…и соодветствено на тоа, фактурата за нивната Супер Бол реклама ќе изнесува само 700 долари.
Овој потез на VOX медиа “го запали“ Твитер во USA и за него пишуваа речиси сите повлијателни американски медиуми. Приказната во рок од нецела недела се префрли и на другите континенти…и еве сега за него пишуваме и во Македонија.
Публицитет кој вреди стотици илјади долари добиен само за 700$. VOX медиа со својот закуп си заслужи да биде вклучуван во сите листи на реклами кои ќе се прикажуваат за време на SuperBowl и да стои рамо до рамо со најголемите светски компании.
Браво !