Швајцарскиот часовничарски бренд Swatch ја проширува својата колекција на часовници чиј дизајн е инспириран од познати уметнички дела со седум нови модели.
За часовниците да станат реалност, компанијата склучи партнерство со неколку познати музеи и галерии, вклучувајќи ги Музејот на модерна уметност (MoMA), Музејот Магрит, Галеријата Уфици и Лувр Абу Даби, за да трансформира уште неколку иконични и историски вредни уметнички дела во нешто што може да се носи околу рачниот зглоб.
Новата колекција на проектот “Art Journey” („Уметничко патешествие“) се состои од часовници инспирирани од делата:
– „Девојка“ од Рој Лихтенштајн (1963);
– „Мечтаење“ од Рој Лихтенштајн (1965);
– „Раѓањето на Венера“ од Сандро Ботичели (15 век)
– „Алегорија на пролетта“ од Сандро Ботичели (15 век)
– „Ова не е луле“ од Рене Магрит (1929)
– „Синот на човекот“ од Рене Магрит (1964)
– комбинација на „Големиот бран од Канагава“ на Хокусаи (1831) од предната страна и астролабот на Мухамед ибн Ахмад Ал-Баттути (18 век) од задната страна.
Swatch претходно има создадено слични колекции во партнерство со Музејот на модерна уметност во 2021 година и Центар Помпиду во 2022 година.
Новата колекција ќе биде достапна онлајн почнувајќи од 16 март. Официјални застапници на Swatch за Македонија се „Божиновски часовници и накит“.