Белгиската влада одлучи да го забрани огласувањето на коцкарници на повеќе платформи почнувајќи од 1 јули 2023 година, а дополнителна забрана за огласување на стадиони и спортски спонзорства е предвидена за подоцнежна дата.
Министерот за правда во белгиската влада, Винсент ван Квикенборн, изјави дека: „Владата е длабоко загрижена за влијанието на огромните количества реклами за коцкање со кои се соочува нашето општество“, додавајќи дека „за оние кои сакаат да се ослободат од зависноста од коцкање, цунамито на реклами за коцкање претставува дополнителен проблем“.
Огласувањето на коцкарници ќе биде забрането на телевизија, радио, во кино, списанија, весници и на јавни места. Ќе биде забрането и онлајн огласувањето на веб-страниците и социјалните медиуми.
Од 1 јануари 2025 година ќе има дополнителна забрана за рекламирање на стадионите, а од 1 јануари 2028 година компаниите за коцкање повеќе нема да можат да спонзорираат професионални спортски тимови.