Фанта е креирана пред 75 години во Германија, во периодот кога се воздигнуваше нацизмот во земјата.
Ако времето од Втората Светска Војна во САД се смета за успешно и се слави како период на “најславната генерација“, тоа сигурно не е периодот кој во Германија го нарекуваат “старите добри времиња“.
Овој момент предизвикува бура од реакции и коментари во светската маркетинг и ПР индустрија деновиве откако беше лансирана новата реклама на Coca-Cola company со која се слави 75-тиот роденден на Фанта.
Многумина рекламата ја оценија како немарност а Кока-Кола преку својот портпарол се извини на сите кои се навредиле од рекламата потенцирајќи дека славењето на роденденот на Фанта нема никаква врска со афирмирање на Нацизам или Хитлер.