Evertek , мал мобилен бренд од Тунис, во соработка со агенцијатa Ogilvy&Mather со желба да се издвои од гигантските реклами на џиновските компании како Самсунг или Ејпл, реализираше минималистичка кампања во соработка со неколку најпознати магазини од Тунис.
Тоа што тие го смислија е транспарентна принт реклама која се појавува помеѓу две страни од списанието и која на уникатен начин го доловува корисничкото искусто од нивниот најнов модел на тенок смартфон Everslim.
Покрај мобилниот телефон тие ставија и малку текст со следната порака : “Мало место за голема технологија“, грижејќи се мобилниот телефон да се поклопува со празното место меѓу параграфите и текстовите на двете страна така што не би сметал на читателот.
Погледнете: