Во најновата епизода на „Што го врти светот?“, гости на Јована Аврамовска Николовска беа Катерина Трајчевска и Тошо Трајанов од Адева – македонска компанија со седиште во Америка и соработници во над 40 земји.
И во ова епизода повторно се зборуваше за моќта на Вештачката интелигенција. Според Катерина и Тошо, работното време од 8 и повеќе часа ќе стане минато. Со прифаќањето на можностите од роботизација на процесите, на повеќето големи компании многу професии ќе бидат заменети или пак работното време за кое ќе се завршуваат задачите ќе биде значително скратено.
Соговорниците дискутира дека тоа може да води кон т.н. универзален доход. Односно, намалување на работното време, ослободување време за повеќе креативна работа и професии кои луѓето ги исполнуваат, додека голем дел од доходот ќе доаѓа од одреден центар кој ќе се грижи луѓето да имаат од што да живеат.
Иако ова е некоја утописка идеја, според гостите, некои земји веќе се приспособуваат преку предлог-политики за кратење на работниот ден и четиридневна работна недела, пропратена со високи минимални плати. Веројатно промените нема да се случуваат преку ноќ, но со цел да се одржи потрошувачката моќ на граќаните, напредните држави во даден момент ќе почнат да размислуваат на овој начин.
Целосната епизода на „Што го врти светот“ со Јована, произведена од ЗМАИ, можете да ја погледнете во продолжение: