Атлантик Група денес отвори нов современ објект за производство на енергетски барови во индустрискиот парк на Нова Градишка. Инвестицијата е во вредност од 13 милиони евра, а станува збор за дел од асортиманот на спортска исхрана и обединување на вкупното производство на оваа палета на производи во сопствени производствени капацитети.
“Се гордееме со фактот што фабриката е завршена за само десет месеци, а тоа се должи на вложениот труд на нашите вработени и партнери. Овој проект е пример за ефикасно инвестирање во Хрватска, каде што имавме подеднакво голема поддршка и од локалните заедници и државните институции, но и од финансиските партнери, пред сè од Европската банка за обнова и развој “, изјави на отворањето на Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на Атлантик Група. Имено, проектот е финансиран со сопствени средства на компанијата и заем од ЕБОР, а Нова Градишка беше избрана како најдобра дестинација за инвестирање во конкуренција на повеќе од 90 локации.
Атлантик Група со својот бренд „Multipower“ е водечки европски производител на спортска храна, која во најголем дел се произведува во фабриката на Атлантик во близина на Хамбург (прашкасти производи и компримати) и во Рогашка Слатина (пијалоци). Оваа инвестиција претставува продолжение на консолидацијата на производни капацитети, па од денес асортиманот на енергетски барови, кои досега ги произведуваше трета страна, ќе се врши во сопствен погон. Повеќе од 99 проценти од производството од оваа фабрика е наменето за извоз, главно на пазарите во западна Европа.
Новата фабрика во портфолиото на Атлантик Група во Нова Градишка претставува додадена вредност и во другите сегменити во работењето на компанијата, преку можноста за размена на знаење и ширење на асортиманот во соработка со другите бизнис области кои се занимаваат со исхрана. Современите трендови на исхрана го насочуваат производството на храна се повеќе до здравите и функционалните оброци, а компетенциите во рамките на системот преку новите капацитети ќе можат на најдобар начин да им излезат во пресрет на овие потреби и навики во брзиот начин на живот.
ФАБРИКА ВО БРОЕВИ
13 милиони евра
50 вработени
6000 квадратни метри
10 месеци од почетокот на инвестицијата
37 години Multipower
90 метри на производна линија
300-450 парчиња барови во минута
83 милиони барови годишно