Дали деколтето, здолништето, потпетиците…и се кратки, таман или долги ? – Прашање кое не ни треба !
Многумина ја нарекоа “шокантна“ кампањата која за Швајцарската организација за човекови права “Terre Des Femmes“, ја направија дизајнерката Theresa Wlokka и студентите од Miami Ad School од Хамбург Германија.
Кампањата насловена како “Не и судејте на жената според облеката“ со провокативни огласи нагласува како луѓето ги перципираат жените во зависност од тоа колку нивната облека ги открива.
Секој принт носи порака дека заради она што жените го носат, без оглед на тоа каде завршува здолништето или колку високи се нејзините потпетици, не можат да избегаат од предрасуди. Секогаш на нив ќе биде прикачена етикета, само прашање е дали на неа ќе пишува дека е “фригидна, старомодна, здодевна” или “дрска, провокативна, или курва.”