Home » Во фокусот » Кампања “Не и судејте на жената според нејзината облека“

Кампања “Не и судејте на жената според нејзината облека“

Дали деколтето, здолништето, потпетиците…и се кратки, таман или долги ? – Прашање кое не ни треба !

Многумина ја нарекоа “шокантна“ кампањата која за Швајцарската организација за човекови права “Terre Des Femmes“, ја направија дизајнерката Theresa Wlokka и студентите од Miami Ad School од Хамбург Германија.

Кампањата насловена како “Не и судејте на жената според облеката“ со провокативни огласи нагласува како луѓето ги перципираат жените во зависност од тоа колку нивната облека ги открива.

Секој принт носи порака дека заради она што жените го носат, без оглед на тоа каде завршува здолништето или колку високи се нејзините потпетици, не можат да избегаат од предрасуди. Секогаш на нив ќе биде прикачена етикета, само прашање е дали на неа ќе пишува дека е “фригидна, старомодна, здодевна” или “дрска, провокативна, или курва.”

terre-des-femmes-womans-worth-ad-campaign-1 terre-des-femmes-womans-worth-ad-campaign-2 terre-des-femmes-womans-worth-ad-campaign-3

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365