(РЕГИОН) – Медиската агенција Universal McCann од Загреб го зајакна својот тим назначувајќи го Игор Позниќ на местото шеф на дигиталниот сектор.
После формалното образование за деловни комуникации и медиуми на Универзитетот во Кент (Велика Британија), Игор Позниќ кариерата ја започна во 2001 година во маркетинг секторот на интернет операторот Iskon . Од 2003 до 2006 година како директор за содржина и онлајн огласување и беше задолжен за развој на онлајн комуникациите, продажбата на огласен простор и развојот на нови услуги.
Од 2006 до 2014 година беше директор за продажба и промоција на хрватскиот портал net.hr. Еден е од основачите на хрватското здружение за интерактивен маркетинг (INAMA) и прв претседател на ИАБ Хрватска.