(РЕГИОН) – Осмиот по ред Weekend Media Festival оваа година ќе се одржи од 24 до 27 септември во Ровињ, Хрватска. Повторно на едно место ќе бидат собрани водечките регионални комуникациски и бизнис професионалци, најавија организаторите.
Повеќе од 120 предавачи и панелисти од целиот свет, 500 новинари и околу 4 илјади учесници и оваа година ќе имаат прилика да присуствуваат на богата програма од предавања, панели, работилници, презентација, изложби, коктели и вечерни журки.
Раните пријави за WMF траат до 30 април. Повеќе информации можете да најдете на следниов веб сајт www.weekendmediafestival.com