Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи првата промоција на новиот дизајнерски бренд „ЕЈСИ“, како и продажна изложба на нивните прозводи на модерен и алтернативен мебел.
Како што велат од компанијата, младиот бренд нуди поинаков начин на секојдневно живеење, алтернативни рачно изработени решенија со врвен квалитет, уникатни парчиња со повеќе функции и форми и акцент на естетиката и свежината, но пред се удобноста и ергономичноста на производите.
На промотивната изложба посетителите ќе имаат можност да се запознаат со портфолиото на овој млад бренд во кое има фотелји за возрасни и за деца, декоративни перници, а во исто време ќе имате можност лично да ги тестирате производите и можеби да си набавите ново парче за домот, дворот и канцеларијата.